Соопштение за јавност
Почитувани,
Бадијала ВМРО-ДПМНЕ ги презентира фиктивните проекти и вложени средства, кога граѓаните ја гледаат вистината.
Приложените фотографии се доставени од родители чии што деца учат во училиштето и не се измислици како наведените проекти.
Ниту еден лажен отчет, ниту еден договорен тендер не може да го сокрие фактот дека санитарните јазли во училиштето се под секое човеково ниво.
Граѓаните многу добро ја согледуваат реалноста, а таа вели дека на 11-ти декември ќе се случи крај на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Со почит!
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп