Генерален секретар

ОЛИВЕР СПАСОВСКИsekretarspasovski
Секретар на СДСМ

 

Лични податоци:

Роден е на 21.10.1976 во Куманово. Оженет e со Катерина со која има две деца.
Образование:

Основно и средно училиште завршува во Куманово.

Дипломира на правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е магистрант по управно право на правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Зборува англиски и француски јазик.
Професионална кариера:

Во 2000 година работел како адвокатски приправник.

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово.

Од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.
Партиска кариера:

Од 1999 година бил член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Во периодот од 2000 до 2003 година бил секретар на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Претседателство на Централниот одбор на СДСМ.

Од 2005 до 2006 година бил организационен секретар на СДСМ.

Во 2013 година е избран за Генерален секретар на СДСМ.
Политичка кариера:

Во периодот од 2006 до 2008 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија

Во 2011 година повторно е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што ја врши функцијата заменик координатор на пратеничка група на СДСМ.
Активности во Собранието:

Kомитет за односи меѓу заедниците, член

Законодавно-правна комисија, член

Комисија за одбрана и безбедност, член

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член

Комисија за уставни прашања, заменик-член

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија), член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, претседател

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член

Контакт:
Тел: +389 2 3293130
Факс: +389 2 3293114
Mail: oliver.spasovski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија