Претседател

ЗОРАН ЗАЕВZoranZaev

Претседател на СДСМ

Лични податоци:

Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет со Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко.

Образование:

Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје во 1997 година. Во моментов е запишан на постдипломски студии по монетарна економија и финансии на Економски факултет во Скопје.

Говори англиски и српски јазик.

Професионална кариера:

Професионалната кариера ја започнува како вработен во „Тргопродукт“ – Струмица во периодот од 1997 до 2003 година, а од 2001 бил и директор на истото претпрријатие. Бил член на управен одбор на штедилницата „Пеон“ (1998 – 2003), како и на Управен одбор на Индустријата за градежни материјали ”Еленица” (2001 – 2003). Во перодот од 2000 до 2003 година ја врши функцијата Претедател на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец” – Струмица.

Партиска кариера:

Член е на СДСМ од 1996 година, и оттогаш активно учествува во сите изборни циклуси. На парламентарните избори во 2006 година е назначен за шеф на Регионалниот изборен штаб за 4-та изборан единица. Во два мандати е избран за член на претседателството на ОО на СДСМ Струмица.

Во 2006 година е избран за потпретседател на СДСМ, а оваа функција ја врши до 2008 година кога е избран за в.д. претседател на СДСМ. На IX-тиот Конгрес на партијата повторно е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Политичка кариера:

Политичката кариера ја започнува во 2003 година како пратеник во Собранието на Република Македонија. На локалните избори во 2005 година избран е за градоначалник на Општина Струмица.

Добитник е на наградата за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно – приватно партнерство во Република Македонија, имплементирано во изградбата на објектот „Глобал”. Општина Струмица под негово водство е добитник на највисоко државно признание во областа на екологијата (2007 – 2008 година).

На локалните избори во 2009 и 2013 година повторно е избран за градоначалник на Општина Струмица.

Контакт:

Тел: +389 2 3293101
Факс: +389 2 3293111
Mail: president@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија