sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 26.01.2013


Господине Пеце Ристески, поддржувач на режимот,
Ти Пеце Ристески, како наш сопартиец и член на СДСМ, си човек кој најмалку може да коментира околу рејтинзи. За рејтинзите зборуваат само изборите, а на последните избори Марјан Ристески беше втор. Во 2011 опозицијата во Прилеп, онаа која сега и формално е во сојуз предводен од СДСМ, имаше вкупно повеќе гласови од ДПМНЕ.
Ти Пеце Ристески, имаш најмалку право да зборуваш за транзицијата, тоа најдобро го знае и твоето потесно семејство.
Ти Пеце Ристески, како човек кој е поставен на веќе направената советничка листа на ДПМНЕ, треба прво да се докажеш како член на ДПМНЕ! Затоа, граѓаните и вистинските членови на ДПМНЕ нема да ти поверуваат, ниту тебе, ниту на Марјан Ристески, ниту на раководството на ДПМНЕ.
Нема да ви поверуваат, затоа што твојот претпоставен Димитар Стевананџија, те награди со директорска функција, а си со најмал стаж во ДПМНЕ.
Од таквите како тебе, лица кои менуваат членски книшки исклучиво за сопствен интерес , се згрозуваат и вистинските членови на ДПМНЕ.
Бидејќи со веќе направената советничка листа, имате проблем да ви помине прво кај вашето членство, а потоа и кај јавноста, ве советуваме истата да ја направите на демократски начин, со поставување на заслужни луѓе, а не само со блиските на Марјан Ристески и Димитар Стевананџија.
На идните избори, и вистинските членови на ДПМНЕ ќе го казнат ваквото однесување на раководниот тим наДПМНЕ, кој е составен од пребеглици од други партии, кои во ДПМНЕ се нашле, единствено заради приватни цели и интереси.
Прилепчани веќе кренаа отпор против ваквото ДПМНЕ! Господо, вашиот режим секојдневно пука, а на идните избори дефинитивно ќе биде скршен! ОТПОР!

СДСМ Прилеп
26.01.2013