Свесни за фијаското и очајната посетеност на локалниот и централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и Скопје, дури после три дена од Општинскиот комитет собраа храброст да изустат некој збор и повторно лажат.

Повеќе од јасно е дека прилепчани одбиваат да ги слушаат лагите на Мицкоски и Сиљановска, затоа што тоа што Груевски го мисли, излегува од устата на овие двајца негови послушници.

Газдата на хидроцентрали, Христијан Мицкоски кој е продолжената рака на криминалецот Груевски, застанува во одбрана на 12 годишниот криминал и не се откажува од претходните криминални раководства и власти.

Ирена Стерјоска Локвенец, исто така, наместо да им се извини на граѓаните на Прилеп за коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се дрзнува повторно да ја потценува меморијата на прилепчани кои добро ги паметат непотизмот и криминалот на локалната и централната власт на Марјан Ристески и Никола Груевски.

Ирена Стерјоска Локвенец, како претходна директорка на Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ го остави домот во катастрофално лоша состојба, а треба да одговори и за тоа како нејзинот брат Дејан Стерјоски се вработи во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.

Граѓаните на Прилеп и ширум државата им упатија јасна порака на Мицкоски и Сиљановска, дека се против блокадите, деструкциите и конлфиктот што им ги нудат како изборна програма.

Државата тргна напред и враќање назад нема. На 21 април и на 5 мај, граѓаните масовно ќе го поддржат концептот за напредок, сигурна и стабилна иднина, предводен од Стево Пендаровски и ќе го изберат за Претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата.

Впрочем, изминативе денови граѓаните тоа го покажуваат со масовното присуство на сите средби и граѓански собири на заедничкиот кандидат и иден Претседател, Стево Пендаровски.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп