Очајничките обиди на ВМРО-ДПМНЕ да прикаже некаква незаконитост во работата на новата локалната власт во Општина Прилеп, само потврдуваат дека и покрај 12 годишното практикување на власт, ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги прочитале законите.
Звонко Јованоски, во моментот е именуван за вршител на должност директор на ЈКП „Комуналец“, а не е избран за директор на јавен оглас.
Именувањето на В.Д. директор и избор на директор на јавен оглас, се две различни работи, коишто не му се јасни на портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, јавно изнесените клевети дека во моментот имало противзаконски избор на директор на ЈКП „Комуналец“, ќе треба да ги докажува на суд!
ВМРО-ДПМНЕ нема да успее со лаги и клевети да го оцрни успешното работење на ЈКП „Комуналец“ и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.
Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога екс градоначалникот Марјан Ристески и неговиот братучед и директор на Комуналец, Златко Ристески – Џекчето, го уништуваа Комуналец нема да се врати.
Братучедите Ристески, оставија долг на Комуналец од над 1 милион евра!
Златко Ристески – Џекчето како избран директор на Комуналец во рок од 7 години исплатил над 500.000 евра за судски и адвокатски трошоци.
За разлика од тие криминални времиња, сега претпријатието финансиски се стабилизира и работи успешно.За 6 месеци со домаќинска работа на Звонко Јованоски, долгот е намален за 250.000 евра, а на вработените им се исплаќаат сите надоместоци што им следувале.
И да, законите денес важат за сите подеднакво. Секој што крадел од парите на граѓаните ќе одговара. ВМРО-ДПМНЕ тоа најдобро го знае!
Со почит!
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп