Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, крие имот од јавноста!

Еве го неговиот Анкетен лист, со денешен датум.

 

Како личен недвижен имот пријавил дека е сопственик на еден стан, а како недвижен имот на родители пријавил куќа во Прилеп.

Но, имотните листови до кои дојде СДСМ Прилеп, прикажуваат два станови коишто треба да бидат наведени во Анкетниот лист на Стевананџија.

Дали станот на улица „Васил Ѓоргов“ бр.9/2-11 во Скопје , КО Центар 2, е негов и дали е тоа станот што е пријавен во анкетниот лист?

 

Дали станот, според овој имотен лист на ул.Борис Кидриќ 4/16 во Прилеп е во сопственост на таткото на ДимитарСтевананџија? Ако е, зошто не е пријавен во Анкетниот лист?

 

Зошто во Анкетниот лист стои само еден стан, без конкретна локација каде се наоѓа?

Стевананџија има обврска да им даде одговори на граѓаните и за други имотни прашања.

Дали една половина од стамбената куќа на ул.Јоска Јорданоски – Прилеп е негова? Ако е негова зошто не е пријавена во Анкетниот лист?

 

Дали дел од имот во место викано Шаторов Камен КО – Прилеп е на неговата сопруга? Ако е, зошто не е пријавен во анкетниот лист?

 

Има ли и друг имот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ што се крие од јавноста?

Колку чини вкупниот имот на Стевананџија и на кој начин е стекнат?

Очигледно дека само функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат додека сите други граѓани осиромашуваат.

Порачуваме дека Државна комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија и да преземе соодветни законски мерки доколку криел имот, спротивно на законот.