Кети Смилеска – Кандидат за пратеник во И.Е. 4 од СДСМ
Почитувани,
Додека Груевски и неколкумина се богатеа, граѓаните на Македонија осиромашија. Според светска банка над 180.000 граѓани во државата живеат со по 40 денари на ден. После 11-ти декември, ги враќаме парите кон граѓаните и ги извлекуваме од сиромаштијата.
Секој граѓанин ќе добива назад по 15 проценти од платениот ДДВ на фискалните сметки. Тоа ќе значи, на крајот од годината, уште една плата плус во секое семејство.Со ова ќе се зголеми потрошувачка моќ на граѓаните, но и ќе се намали сивата економија.
Воведуваме фер и правичен даночен систем. Сиромашните ќе плаќаат помалку, а богатите повеќе данок. Ги намалуваме јавните давачки и плаќањата за јавни услуги за сите граѓани.
Семејствата со најнизок доход ќе бидат целосно ослободени од плаќање на јавните услуги. Ќе ја вратиме дневната евтина тарифа на струјата.
Ќе воведеме евтина викенд тарифа, што значи дека ќе има евтина струја во текот на целиот викенд, а не само во недела, како што е сега. Природниот гас ќе стане достапен за секое домаќинство, а гасот е најефтин енергенс. Ќе воведеме енергетски ваучери за струја и затоплување, за да им помогнеме на најзагрозените.
Ова се првите чекори со кои ќе обезбедиме достоинствен семеен живот за сите.
Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија.