Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е. 4 од СДСМ
Почитувани,
Ставаме крај на криминалната власт на Никола Груевски. Го враќаме достоинството на работниците. Обезбедуваме со закон минимална плата од 16.000 денари до 2020 година за сите сектори, вклучително и за вработените во одделите за текстил, облека и кожа.
Ова значи дека семејство со двајца работници, безгрижно ќе ги покрива трошоците за живот. Првиот чекор е зголемување на минималната плата на 12.000 денари уште во 2017.
Нема да има отпуштања од работа, бидејќи државата ќе им помогне на стопанствениците.
Во првите 100 дена од мандатот, ќе донесеме закон со којшто ќе бидат финансиски обезбедени сите стечајни работници. Воведуваме помало работно време за повозрасните работници. Работничките од 60 години и работниците од 62 години старост ќе работат по 6 часа, до пензија, без да им се намали платата.
Ќе биде платен секој час прекувремена работа на работниците. Бремените жени нема да стравуваат за работното место, и ќе се вратат на своето место после породилното отсуство.
Нудиме вистинска заштита на работничките права во законот за работни односи. Договарање на работните односи преку колективен договор во приватните компании. Нема да дозволиме експлоатација на работникот.
Обезбедуваме живот и достоинство за сите граѓани на Прилеп и на Македонија.
Бројот 4 е план за живот во Македонија.