etashЕлена Ташкоска – Советник во Советот на Општина Прилеп

Почитувани,
Продолжува хаосот со екстерното тестирање во Прилеп, но и во цела Македонија. И покрај огромното незадоволство во јавноста, стресот кај децата и родителите, револтот кај наставниците, нелегитимната Влада на Никола Груевски упорно го турка екстерното тестирање.
Наставниците се под притисок и закана од казни со што целосно се дефокусирани од основната образовна и просветна дејност којашто треба да ја извршуваат.
Дали може знаењето на еден ученик да биде оценето со 30 прашања кои ги одговара во времетраење од 1 час?
Дали наставникот кој го следи ученикот преку целата учебна година нема доволно капацитет да го оцени неговото знаење, неговата активност и целокупниот негов ангажман?


Дополнително, со тоа што прашањата и одговорите се достапни, се отвора можност оние ученици кои не пројавиле интерес за наставата и покажувале слаби резултати на редовните тестови во текот на целата учебна година, да ги научат напамет одговорите и да добијат повисока оцена. Тие ученици вистински не се стекнале со знаење а наставникот сепак ќе биде казнет за наводната негова неспособност за оценување.
Екстерно тестирање од ваков вид има само во Македонија. Во Европа и светот, се укажува на можни пропусти, се подобрува образовниот процес и нема казни за наставниците.
Почитувани родители, наставници, ученици, знаеме дека ова е еден од најстресните периоди за Вас и Вашите деца-ученици. Ги разбираме вашите реакции од штетните проекти на нелегитимната власт на Груевски кои создадоа хасот во образовниот процес.
Ставот на СДСМ е укинување на екстерното тестирање. Во својата програма СДСМ нуди евалуација на знаењето на учениците, но без внесување на оценки во нивните свидетелства и без казнени елементи во законските одредби за наставниците. На оние училишта што ќе покажат слаби резултати ќе им биде дадена помош и поддршка за унапредување на наставата.