Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е. 4 од СДСМ

Почитувани,

Криминалната власт на Никола Груевски, го урниса образовниот систем во државата. Ги стави во покорност наставниците и професорите, преку инспекции и екстерно тестирање.

После победата на 11-ти Декември, веднаш го укинуваме екстерното тестирање! Го намалуваме бројот на предмети и часови во основното и во средното образование.

Ќе го намалиме бројот на ученици во паралелка, најмногу на 25-мина, со цел квалитетна настава. Наместо казни, ќе ги мотивираме наставниците и професорите со награди.

Почетничката наставничката плата ќе ја изедначиме со просечната плата во државата, која ќе изнесува 30000 денари. Ќе ги ревидираме сите стекнати дипломи.

Ќе започнеме со изградба на нови градинки, со цел да го зголемиме за 50% бројот на деца во градинките. Целосно ќе ја поддржиме автономијата на Универзитетот,а буџетот за наука ќе го зголемиме за 50%.

На факултетите, целосно ќе ги приспособиме образовните програми кон пазарот на трудот. Ќе има пократки студиски програми со практични знаења на дипломираните студенти. Конечно, образованието ќе ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места.

Обезбедуваме живот за сите!

Бројот 4, е глас за живот во Македонија.