Поенти од излагањето на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на синоќешната трибина „Повеќе за сите“:
Со 9-тиот пакет антикризни мерки, 662 милиони евра ќе завршат кај студентите, средношколците, основците, пензионерите, ранливите категории на граѓани, компаниите…;
Преку разни форми на субвенции, за 3 години, кај граѓаните се вратени над 2 милијарди евра;
Од 2016 година до денес, просечната плата е зголемена од 360 на 615 евра;
Во време на ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 9.000, а сега 20.175 денари;
Континуирано и неселективно, продолжуваат инвестициите на Владата во локалните самоуправи – обезбедени 32,5 милиони евра за финансирање на 66 проекти во 44 општини;
За исплата на субвенциите за тутун ќе бидат потрошени 26 милиони евра, исто колку и лани, без разлика што годинешната реколта “тежи“ речиси двапати помалку од ланската;
Струјата нема да поскапи;
Во Прилеп ќе се гради нова социјална зграда со 63 станови, во вредност од 2 милиони евра;
СДСМ и Коалицијата ќе победат и на претседателските и на парламентарните избори;
Членството во ЕУ значи повисоки плати и пензии за 70% од сегашните;
До 2030 година, Република Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ.