Со лажни вести, груби измислици и манипулации, порталот “Маркукуле” одработува за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Бескрупулозна лага и дезинформација е објавата на порталот “Маркукуле” дека бил разрешен претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски.
Општинската организација на СДСМ-Прилеп е сплотена и единствена, отворена за сите граѓани, а заедно со прилепчани ќе донесе голема победа на 5-ти мај.
На 5-ти мај, победува концептот за напред во европска иднина со европски Претседател.
ВМРО-ДПМНЕ и интернет порталите кои одработуваат за криминалната партија на Мицкоски и Груевски, да се подготват за пораз.
Истовремено, доколку порталот “Маркукуле” не ја повлечи и демантира лажната вест согласно законскиот рок, следува тужба за клевета.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп