Соопштение до јавност
На 5-ти мај граѓаните расчистуваат со ВМРО-ДПМНЕ – криминалното и злосторничко здружение кое е се’ уште координирано од задграничниот комитет во Будимпешта.
Партијата со криминална матрица предводена од Мицкоски – послушникот на бегалецот Груевски, завршува во темната страна на македонската политичка историја.
Граѓаните се свесни дека гласот за транзициската профитерка Гордана Сиљановска, е глас за хидроцентралите на Христијан Мицкоски и глас за заштита на криминалот на Груевски.
Затоа прилепчани, како и граѓаните ширум нашата држава, масовно го отфрлаат концептот на поделби и конфликти, што овие двајца гласноговорници и заштитници на Груевски, го пласираат пред македонската јавност.
Граѓаните на Прилеп не ги забораваат „хилтите“ на Марјан Ристески, ниту пустошот во старата чаршија, затворените дуќани со катанци и жолти траки од нарачаните инспекции во времето кога Ристески и Груевски беа власт во градот и државата.
Не ја забораваат ниту состојбата со градските улици, кои беа руинирани со ударни дупки по кои граѓаните возеа “слалом“, а кои сега забрзано се реконструираат од новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски.
Прилепчани паметат како Јавните претпријатија во градот беа злоупотребувани во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, како се трошеа парите од граѓаните по луксузни ручеци во елитни ресторани.
Граѓаните знаат за катастрофалната состојба во која го остави Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ екс директорката и советничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Стерјоска Локвенец.
Прилепчани никогаш повеќе нема да ја дадат поддршката на лажниот патриот и нафатиран пратеник со куќи и станови Димитар Стевананџија. Ниту на пратеничката Ана Лашкоска и нејзиниот непотизам, ниту на координаторот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој ја уназади прилепската болница и ја наполни со партиски кадри.
Граѓаните на Прилеп чекаат правда и разврска на серијата кривични пријави во Основното јавно обвинителство за функционерите од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Прилепчани, на 5-ти мај ќе гласаат за европски Претседател и концептот за заедништво и напредок.
На 5-ти мај, граѓаните ќе гласаат за вистинска правда, а не партиски привилегии. За развој и напредок, за обединета и сигурна држава, за повеќе перспективи за нашите млади дома.
На 5-ти мај да гласаме масовно и одлучно, еднаш и засекогаш да ја запечатиме нашата европска иднина.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп