sdsm poseta deca122014 14Васе Илиоска – Член на Форум на жени, ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,
Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ од Прилеп, го продолжува одбележувањето на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и со пригодни подароци, традиционално го посетивме дневниот центар за децата со посебни потреби„Sуница”.
Секогаш се радуваме на средбите со децата од дневнот центар, а оваа година, покрај што за нив обезбедивме кебина и прехрамбени производи, децата ги израдувавме и на еден посебен начин.
Имено, со нас е писателката Сања Бозароска, авторка на специјалната книга за деца со посебни потреби „Подарок за ангелот” и која лично на сите деца им подели по еден примерок од нејзината книга.
Со оваа хуманитарна акција, сакаме да помогнеме во работата на дневниот центар и да им го олесниме животот на децата со посебни потреби.


СДСМ се залага за поинтензивно вклучување на лицата со хендикеп во општествениот живот, затоа што длабоко сме убедени дека силата не произлегува од физичката конструкција, туку од нивната волја и енергија за поголем придонес во нашето општество.
Ви благодарам