Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е.4
Почитувани,
Завршуваат криминалните политики на Никола Груевски! Го враќаме животот во Македонија. Гарантираме повисоки плати и нови работни места.
Просечна плата во Република Македонија ќе изнесува 30.000 денари.
Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Ќе има и за храна, и за сметки, и за одмор. Наместо да преживуваат, граѓаните ќе живеат достоинствен живот!
Обезбедуваме 140 милиони евра поддршка на домашните фирми и претпријатија. Тоа се 100 пати повеќе пари, отколку досега власта што има давано.
На овој начин, силно ќе ги поддржиме домашните микро, мали и средни претпријатија, за да го постигнеме тоа што на што се обврзуваме, повисоки плати и нови работни места.
Домашните фирми ќе бидат носители на економскиот развој во Македонија. За да поттикнеме отворање нови домашни претпријатија, предвидуваме отворање старт ап центри каде што новите фирми, во првите години од основањето, нема да плаќаат за деловен простор, како сметководство, архива, одржување.
Ќе овозможиме отворање фирма со само 1 евро основачки капитал. Ќе овозможиме кредити до 15.000 евра со само 1 процент годишна камата.
После 10 дена од денес, почнуваме во пракса да ги реализираме Планот и програмата за живот во Македонија.
Ќе има живот за сите!
Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија.