veless2712Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ, Прилеп

Почитувани,

Во услови на тешката беда и сиромаштија во којашто се наоѓаат прилепчани, како и сите граѓани на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ донесе Буџет за Општина Прилеп, за 2014 год, тежок речиси 17 МИЛИОНИ ЕВРА!
Буџетот, барем да беше развоен, со што ќе се создадеа услови за инвестиции во реалниот сектор и ќе се отвореа нови работни места.
Но, 17 милионскиот Буџет што си го донесоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ по нарачка на Ристески, без поддршка на опозицијата, СО НИШТО нема да го подобри социо-економскиот живот на прилепчани.


Амандманите на советничката група на СДСМ и коалицијата се однесуваа на конкретни проекти и извори на финансирање. Но, градоначалникот не ги ни слушна зашто не беше таму, а советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија речиси без дискусија.
Предложивме: конечно, поставување централно греење за О.У. „Кире Гаврилоски”, канализација на улиците низ Варош, проект за гасификација на Прилеп, финализација на инфраструктурата во економската зона Металец.
Немаат основа изговорите дека некои од овие проекти се предвидени, бидејки да беше така, за нив ќе имаше валидни финансиски планови. За ВМРО-ДПМНЕ и натаму најважни се спомениците кои отвораат можност за големи провизии на лични сметки, возила, репрезентации, сомнителни трансфери и зголемувањата на платите на администативците во општинските фотелји.
Укажуваме дека фантастични 1 милион евра од Буџетот ќе одат за субвенционирање на јавните комунални претпријатија. При тоа повеќето од претпријатијата немаат доставено финансиски планови за 2014 година. Срамно е со парите на граѓаните да се прокриваат загуби, превработеност и недомаќинското работење на “менаџерите” од власта.
Јавноста треба да знае и дека донесувањето на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2014 година беше проследено со низа отстапувања од Законите за финансирање на ЛС и Законот за буџет, што укажува за несериозноста во работата на локалната самоуправа во трошењето на парите на народот.

Почитувани,
На крај, сакам да ја искористам приликата и на сите граѓани од Општина Прилеп, да им посакам среќни празници и многу здравје и среќа во новата 2014 година. Верувам дека заедно ќе се избориме за подобар и подостоинствен живот за сите, во годината која е пред нас.
Ви благодарам

Новинарско прашање:
Од дневен ред меѓу другите точки беше симната и програмата за уредување на градежно неизградено земјиште, со неа е предвидено зголемување на комуналиите за 30%?

Сашо Велески:
Да, кажав во изјавата дека голем број на извештаи не беа доставени до Советот, и можеби со таа намера и беа симнати од дневниот ред. Тоа е парадоксот, што вчера се гласаше буџет без финансиски извештаи и без планови и програми за работа на Локалната самоуправа, а во една од тие програми беше и наведено дека ќе следи покачување на комуналиите од 30%.
Ќе чекаме да видиме кога ќе ги добиеме официјални извештаи дали сеуште ќе стојат на таа проценка, а ни беше најавено.