Александар Џагадуроски – Претседател на ЛК СДММ Прилеп

Почитувани,

Социјалдемократската младина на Македонија од Прилеп, останува верна на принципот на хуманост и под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, ја организира 14-тата по ред, традиционална крводарителска акција.

Доследни на солидарноста, како еден од основните столбови на социјалдемократијата, секоја година даваме личен придонес во спасувањето, или продолжувањето на нечиј живот.

Преку ваквите активности сакаме да ја пробудиме хуманоста во општеството, како највисока доблест на секој човек!

Испраќаме апел до сите млади, како и до сите граѓани на општина Прилеп, да даруваат крв, но исто така, да им помагаат на своите сограѓани кои припаѓаат на ранливите категории, социјалните случаи, на старите, на изнемоштените и болните!

Во овие тешки времиња, кога сиромаштијата е висока како никогаш порано, повикуваме на граѓанска солидарност како најчовечка особина!