Филип Попоски – Портпарол на ОО СДСМ – Прилеп
Почитувани,
Додека ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во својата безидејност и e против секоја мерка што го олеснува животот на граѓаните, СДСМ со забрзано темпо ги решава децениските проблеми.
Владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето и ги укина квотите за лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување.
Граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв од недостиг на лекови и без потреба да создаваат резерви од лекови во домовите.
Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме долгогодишниот проблем со недостиг на лекови, а турканиците кај матичните лекари и аптеките на почетокот на секој месец, стануваат минато.
Почитувани,
Со конкретни мерки и политики во здравството, докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.
Воведени се три нови инсулини и дополнителни 10 инсулински пумпи за дијабетичарите, а значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.
Од минатата година па до денес, за 10% е покачена платата на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти.
Со ребалансот на буџетот, од 1 септември се зголемени платите во здравството за дополнителни 5%, додека пак од ноември се зголемува капитацијата на матичните лекари.
Го реализираме ветеното и до крајот на мандатот на Владата предводена од СДСМ, платата на лекарите специјалисти ќе изнесува 100 илјади денари.
За нас дадениот збор важи.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп