Гордана Макалоска – Член на Надзорен одбор на ОО СДСМ Прилеп
Почитувани,
СДСМ го исполни дадениот збор пред просветните работници и ги зголеми платите во образованието.
Само за две и пол години власт на СДСМ, вработените во основното, средното, високото образование и во науката, добија вкупно покачување на платите за скоро 21 отсто.
Ова е најголемо зголемување на платите во образовниот сектор во последните 10 години, кое го добија над 32.000 граѓани – вработени во образованието и науката.
Од нив, над 1.000 се вработени во образовните институции во општина Прилеп, кои почнувајќи од 1 јануари годинава добиваат повисоки плати во просек за 4.500 денари.
Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 7 години ги зголеми платите во образованието за околу 800 денари, а ние за само две и пол години обезбедивме просечно покачување за околу од 4.500 денари.
За разлика од минатите Влади на ВМРО-ДПМНЕ и нивните празни предизборни ветувања за покачување на платите, а кои после секои избори наместо зголемени плати воведуваа се’ построги механизми и казни за контрола на просветните работници, ние го реализираме дадениот збор и го мотивираме наставниот кадар
Со досега најголемото покачување на платите и со серија на конкретни инвестиции за подобрување на условите за работа во образовните институции, ја браниме честа и достоинството на професијата наставник.
Вложувањето во човечкиот капитал, во наставниците, професорите и научните работници, е само дел од чекорите на правиот пат по кој се движиме.
Благодарам
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп