hari lokvenec ne za prodazba na domoviteХари Локвенец – Кандидат за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ

 

Добар ден

Почитувани на почеток, прво простете на ова ладно и студено време мораше пресот да го држиме на отворено, меѓутоа работата е од таков карактер да мора да се случат и вакви настани.
Одлуката за продажбата на домовите во урбаните заедници, е уште една потврда за безидејноста и недомаќинлукот на локалната власт, предводена од Марјан Ристески.
Најостро ја осудуваме ваквата одлука, на три месеци пред избори, да се продава имот граден со парите од сите граѓани на Општина Прилеп, само затоа што локалната власт не знае да стопанисува со нив.
Наместо продажба на домовите, предлагаме нивна пренамена, во кои покрај канцелариите на урбаните заедници, ќе се отворат центри за остварување на сите интереси и потреби на младите.
Домот на месната заедница Варош, пред кој во моментот стоиме е класичен пример за негова злоупотреба за партиски цели на ДПМНЕ. Домот мора да им служи на сите жители на урбаната заедница, и наместо партиски штаб, во него да биде отворен „Детски креативен центар”, во кој најмладите ќе можат истовремено да се едуцираат и забавуваат.
Нудиме решенија и за другите два дома, кои градоначалникот решил да ги продаде.
Домот на месната заедница Гоце Делчев, кој се наоѓа кај поранешната конфекција Солидност, да се уреди и догради со отворена сцена за развој на алтернативна култура и уметност или со други зборови Младински Културен Центар во Прилеп.
И конечно, домот Спиро Забрчанец предлагаме да биде пренаменет во Младински Технички Центар. Центар за поддршка на децата со афинитети за техничките науки, од каде ќе произлегуваат нашите идни инженери.
Се надевам дека овој пат нашите предлози ќе бидат сфатени првпат добронамерно.

Ви благодарам.