Веднаш да престанат злоупотребите на имотот на јавните комунални претпријатија во Прилеп за партиски цели.
Наплатните центри на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ кои се наоѓаат во центарот на Прилеп се излепени со повици за протести и тоа од внатрешната страна на стаклата од двата објекти
Тоа значи дека повиците се излепени со дозвола или со знаење на вработените и директорите Златко Ристески и Сашо Николоски.
Сите што прават злоупотреби во обид да го спасат криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе понесат одговорност.
Ниту една злоупотреба нема да ги спречи демократските процеси и промените во Македонија.
Доаѓа нова реформска Влада и нови одговорни власти кои ќе се грижат за реалните проблеми и потреби на граѓаните.