Груевски ги одбројува последните мигови од неговото режимско владеење, но сепак не се откажува од навиките на злоупотреба и крадење.
Со цел да искористи се што се може, го злоупотребува и општествениот имот за лична промоција, притоа грубо прекршувајќи го законот за избори.
Имено, во пресрет на неговата денешна посета на Прилеп, градот осамна со партиски транспаренти испишани со неговото име на сите јавни улици и булевари.
Повеќе од јасно е дека општинскиот простор е отстапен во сoработка со градоначалникот Марјан Ристески и тоа само за потребите на сопствената партија, за која беше спремен со хебла да ги тепа и сопствените сограѓани.
Општинската организација на СДСМ ги повикува сите надлежни служби да преземат мерки за ваквата злоупотреба за општествениот имот.