Социјалдемократската младина на СДСМ Прилеп, со герила акција го пречека Никола Груевски во Прилеп.
Пред Хотелот Салида, каде Груевски беше на средба со бизнисмените од Прилеп, беше издигнат транспарент со пораките „Пиштење и вриштење на прилепските дуќанџии“, што беше изнесено со проектот „Вистината за Македонија“.
Акцијата имаше за цел истовремено да ги потсети прилепските стопанственици дека токму Никола Груевски преку нарачани казни, инспекции го урниса прилепскито стопанство.
За цело време додека траеше средбата озвучено возило ги емитуваше дел од „бомбите“ кои се однесуваа на Прилеп.
Select Page