Почитувани граѓани на Општина Прилеп,
3-ти Ноември, денот на конечното ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор е еден од најбитните датуми од историјата на Прилеп и прилепчани.
Мотивот кој што го имале нашите предци, да се изборат за слобода, независност и државност, нека биде поттик повеќе за сите нас без разлика на нашата верска, политичка или било каква друга определба да се избориме за економски просперитет, да се избореме да бидеме рамо до рамо со најмоќните држави во Европа и светот, да бидеме членка на Европска унија, да бидеме членка на НАТО.
Нека им е вечна слава на сите паднати борци кои што ги положија своите животи за својата држава.
Од мое име на сите граѓани на Прилеп им го честитам 3-ти Ноември денот на конечното ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор.