Антизападната партија во распад, ВМРО-ДПМНЕ, продолжува да ги брани
криминалните политики на претходниот директор на ЈКП „Комуналец“, Златко
Ристеcки.
Набавката на линијата за секундарна селекција на отпад, е само една од
многуте злоупотреби и штети, кои Златко Ристески со неговото несовесно и
недомаќинско работење, им ги нанесол на Јавното претпријатие „Комуналец“
Прилеп, а со кои треба да се занимаваат истражните и судските органи.
Без да ги обезбеди потребни предуслови за пуштање во употреба на линијата
за секундарна селекција, набавил дел од опремата во вредност од над 180.000
евра и дозволил со години да стои неупотребена и буквално да се распаѓа.
Златко Ристески, првиот братучед на екс градоначалникот на Општина Прилеп,
Марјан Ристески, како долгогодишен директор на Комуналец, со години не им
ги исплаќал ниту законските надоместоци на вработените, за што само по
тужби, камати, судски трошоци, адвокати и извршители, направил долг од 21
милион денари.
Братучедите Ристески го оставија Комуналец во долг од над 1 милион евра.
Тоа се политиките кои денес ревносно ги брани ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, а
за кои добија црвен картон од граѓаните на Општина Прилеп.
Новото раководство на ЈКП Комуналец, предводено од директорот Звонко
Јованоски, со домаќинска, одговорна и посветена работа, успеа да ги намали
долговите и да ја стабилизира финансиската состојба на Комуналец, а
истовремено и да ја подобри хигиената во градот.
Впрочем, успешното менаџирање на новото раководство на Комуналец, го
поддржа и призна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, гласајќи ЗА последните
финансиски извешатаи на претпријатието на седница на Совет на Општина
Прилеп.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 09.11.2018