Спортско-рекреативен центар кај прилепското езеро и чиста животна средина

Почитувани граѓани,

Чистата вода, чистиот воздух и чистата животна средина, значат здравје и живот за сите.

Затоа сме на терен и заедно со младите активно помагаме да исчезнат дивите депонии.

Локалитетот околу прилепското езеро што некогаш важеше за главна излетничка зона за прилепчани, денес е целосно запоставен, со загадена природа и исечени дрва.

Затоа, ние го враќаме сјајот на прилепското езеро и теренот околу него.

Градиме спортско – рекреативен центар „Вештачко езеро“ со зона за кампување, патеки за велосипедизам, за трчање и пешачење, со платформа за безбедно пливање, како и  спортски терени за тенис, одбојка, кошарка и слично.

Обезбедуваме услови за здрав живот за сите!

Се обврзавме навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти.

Јавните комунални претпријатија ќе работат со зголемен капацитет, преку намалени трошоци за граѓаните.

Набавуваме нови возила за собирање смет и метење на улиците, затоа што голем дел од населбите во Прилеп немаат организирано собирање отпад.

Депонијата во Алинци ќе биде по сите светски стандарди, со фабрика за рециклирање на неорганскиот отпад и можност за производство на биоенергенси.

Каналот на Дабничка река ќе го покриеме, на потегот од касарната до вливот во градска река.

За заштита од поплави и загадување на градот, градиме два собирни канали од сливните подрачја од Селечка планина и село Дабница.

Инсталираме мерни станици за контрола на квалитетот на воздухот на 4 места во Прилеп. Граѓаните мора да знаат каков воздух дишеме.

Го обновуваме зеленилото во градот, затоа што локалната власт ги исече дрворедите по булеварите и улиците.

Почитувани сограѓани, ние градиме чиста и современа општина.

За живот во Прилеп за сите!