Почитувани граѓани,
Ние сме тука да бидеме ваш сервис!
Ќе изградиме современа и развиена општина за сите!
Новата локална власт предводена од СДСМ, со мене како иден градоначалник ќе работи одговорно и домаќински за животот на сите граѓани, во сите делови од градот и околните населени места.
Мојата програма „Живот во Прилеп за сите“, содржи конкретни планови и проекти за изградба на патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, спортски терени и гасоводна мрежа.
ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, три изборни циклуси ветуваа гасификација на Прилеп, а не направија ништо!
Но, за нас, зборот е збор! Затоа, во првиот мандат ќе изградиме 30 км секундарна гасоводна мрежа, достапна за сите! Што значи намалени трошоци и за домаќинствата и за компаниите. Прилеп ќе биде целосно гасифициран!
Здравје за сите! Ова е наш императив!
Затоа, градиме затворен, спортско – рекреативен центар со покриен базен, кој што ќе го носи името „Македонија“. Во него со хидротерапија, ќе се третираат деца и младинци кои имаат искривувања на ’рбетот.
Јас ја разбирам загриженоста на родителите на овие деца. Затоа, ова ќе го направам.
Здрави деца и младинци, се наш приоритет!
Во соработка со Министерството за транспорт и врски, градиме две нови обиколници.
Првата, ќе го поврзува патот Градско – Прилеп – Македонски Брод. Втората, регионалниот пат од Македонски Брод со регионалниот пат Прилеп – Битола, кај старата млекара.
Со овој капитален проект, тешките товарни возила, што превезуваат мермер и други руди, нема да ги уништуваат градските улици, ќе се врати безбедноста во сообраќајот во центарот на Прилеп.
Почитувани сограѓани,
Во Прилеп ќе има иднина и живот за сите!