СДСМ ги носи ПРОМЕНИТЕ

zaev sekerinska vo prilep 19Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани,
Од денеска, низ цела Македонија тргнува вториот караван на опозицијата предводен од мене, од раководството на СДСМ и од раководствата на помалите политички партии кои се со нас во коалиција. Целта е да посетиме што е можно повеке места и да се видиме со што е можно повеќе граѓани.

Ние знаеме дека промените во државата ќе се случат и при тоа сакаме јасно на граѓаните да им предочиме и докажеме дека промените во државата се можни, исклучиво ако СДСМ се промени.

Токму затоа го понудивме Стево Пендаровски, како натпартиски кандидат за Претседател на Република Македонија, кој ќе биде Претседател на сите граѓани.

Понудивме нови луѓе, нов концепт, нови конкретни решенија со кои што ќе се оствари нашата заедничка визија за економски и демократски промени во државата. Понудивме искрен пристап и искрено ја бараме подршката од граѓаните.

На Македонија и се неопходни промени. Тоа го заслужуваат и граѓаните и државата.
СДСМ покажа дека МОЖЕ и дека таа е подготвена за промени.

Новиот пристап, новиот реорганизиран и сплотен СДСМ, со новата огромна позитивна енергија ќе ги донесе промените.

Ве уверувам дека е МОЖЕН пресврт за подобар и квалитетен живот на граѓаните во Република Македонија.
МОЖНО е да се живее подобро во Македонија.
МОЖЕМЕ младите да ги задржиме во државата.
МОЖНА Е СРЕЌНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ова им го нуди на сите граѓани на Република Македонија.