fpop0104Филип Попоски Портпарол на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,
Кулминираше паниката и нервозата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, после завчерашната посета и средби на раководството на СДСМ со прилепчани.
Денес не се соочивме со првоаприлска шега, напротив со ниска и валкана кампања, зад која стои немоќта на политичките опоненти!

 


Изминатава ноќ, на повеќето месни штабови на СДСМ во Прилеп, со спрејови беа испишани погрдни и навредливи натписи!
Еве ги сликите со исчкртаните месни штабови на СДСМ во Корзо и Тризла2, каде вандалите ја исполниле валканата задача.

Меѓутоа, ова што го испишале тука, фашистичи симболи и кукасти крстови на месниот штаб на СДСМ во Точила, всушност го покажува вистинското лице на нарачателот на овие вандалски дела!
Прашуваме, дали се ова дела на активисти од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ?
Понатаму, што значи испишувањето на редниот број на кандидатот за Претседател од ДПМНЕ, Иванов, до кукастиот крст?
Ги повикуваме надлежните од полициска станица Прилеп, веднаш да ги превземат неопходните мерки и итно да ги откријат извршителите на овие валкани дела.
Почитувани,
Прилепчани ќе го препознаат и пред се ќе го казнат нарачателот и извршителот на ваквата ниска и валкана политичка кампања, кој и да е!
СДСМ, наспроти ова, води позитивна кампања исполнета со сериозна понуда и алтернатива за граѓаните.
Ние нудиме нов концепт со конкретни решенија за големи еконосмки и демократски промени во државата. Граѓаните го заслужуваат тоа.
Ви благодарам.