sdsmprilep1Реакција на активност од ДПМНЕ-Прилеп, од 11.02.2013
Господо поддржувачи на режимот од Никола Груевски.
Паркот на 5-та Прилепска и зеленото пазарче, како најголеми достигнувања на Марјан Ристески во УЗ Гоце Делчев, се уште еден класичен доказ, за безидејноста и неспособноста на власта, да се справи со егзистенцијални проблеми на прилепчани.
За градоначалник кој располагаше и потроши 130 милиони евра во 8 години, парковите, зелените површини и уличното осветлување, треба да бидат само рутински и технички дел од неговата работата, а не негово најголемо достигнување.
Дали послушникот на режимот Марјан Ристески, е свесен за социјалната слика во Урбаната Заедница-Гоце Делчев, каде над 60 % од граѓаните се невработени и сиромашни?
Знаеме дека во празниот пропаганден памфлет, кој требаше, но не го презенетиравте минатата Сабота, немате ниту еден проект за подобрување на економската состојба на жителите од УЗ Гоце Делечев, ниту пак за подобрување на животниот и социјален стандард на прилепчани воопшто! Вашата политичка и ментална матрица, е сведена единстево на распишување тендери за паркови и фонтани, на неколку блиски до вас фирми, и ништо повеќе!
Вие во вашите јавни настапи, не зборувате за нови работни места, затоа што челниците на режимот се преокупирани со вработување на своите најблиски. Марјан Ристески, си ја згрижи сопругата како професор на Економски Факултет Прилеп! Димитар Стевананџија, својата сестра ја вработи како професор во средното медицинско учулиште! Ана Лашкоска, си ги постави мајката и братот за директори, со заеднички фамилијарен приход од неколку илјади евра, додека народот гладува!
Наспроти вас, господо од режимот, е успешен и докажан човек! Хари Локвенец – човек од збор и конктретни дела позади себе. Човек кој ќе го гасифицира Прилеп, и кој ќе обезбеди 5,000 нови работни места, со проектот за 500 микро акумулации и 50 милиони евра инвестиции! Хари Локвенец, новата надеж за нова иднина на Прилеп!

О.О. СДСМ Прилеп