Либерална Партија со поддршка за Хари Локвенец и Сојузот за иднината

Graoroski press 15 03Изјава на претседателот на О.О Либерална Партија, Прилеп – Златко Граороски, 15.03.2013

 

 

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
Во име на Општинската организација на Либералната партија од Прилеп, сакаме да изразиме јасна и недвосмислена поддршка за идниот градоначалник на Прилеп предложен од коалицијата „Сојуз за иднината“ – Хари Локвенец.
Сметаме дека Хари Локвенец во неговата изборна програма нуди конкретни, реални и остварливи проекти, со датуми и рокови за нивна реализација. Проекти кои ќе помогнат за отворање нови работни места, за намалување на сиромаштијата и задржување на младите во Општина Прилеп.
Ги повикувам членовите и симпатизерите на Либералната партија, како и сите останати граѓани на Општина Прилеп, да го дадат својот глас за Хари Локвенец и за советничката листа на победничката коалиција „Сојуз за иднината“.
Време е за развој и промени!
Ви благодарам