Почитувани мои сограѓани,
Драги прилепчани,
Денеска е последниот ден од изборната кампања. Не делат неполни 48 часа од изборниот ден, од историската одлука за иднината на Прилеп!
Ајде, да излеземе заедно и масовно да го заокружиме бројот 19, за да ставиме крај на диктатурата, навредите, заканите, притисоците, хилтите, сиромаштијата, економското сивило во кое што тоне, 12 години нашиот Прилеп.
Ајде, заедно да го заокружите бројот 19, за брз и силен економски раст и развој, за нови работни места, за враќање на радоста во вашиот дом.
Вашата иднина е во ваши раце. Вие одлучувате за тоа каков живот ќе изберете. Победете го стравот и притисоците.
Зад параванот, вие сте газдата на својот живот. Таму вие сте суверен креатор на својата судбина.
Не дозволувајте да ве лажат дека ќе знаат за кого ќе го дадете својот глас.
Изберете го бројот 19, за што поголема грижа на нашите најмлади и најмили, за две градинки, за ново училиште, за стипендии на талентираните ученици.
Изберете го бројот 19, за безбедна иднина на младите, за старт-ап компании, за соодветни плати на успешните млади кадри, за да ги вратиме младите од странство.
Изберете го бројот 19, за да го вратиме духот на занаетчиството, за живот во прилепската чаршија.
Изберете го бројот 19, за добра инфраструктура, изградба на улици без ударни дупки и две нови обиколници.
Изберете го бројот 19, за да ги намалите сметките за греење за скоро 40 отсто со гасификација на градот, а сметките за вода за 20 отсто.
Изберете го бројот 19, за чиста животна средина, чист воздух и еколошка депонија.
Изберете го бројот 19, за да го вратиме спортот во градот, за нови кошаркарски и одбојкарски клубови, за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“, на старата „Соколана“ – салата „Партизан“, за реконструкција на салата „Македонија“.
Изберете го бројот 19, за повисоки пензии на пензионерите, за реконструиран старски дом, бесплатен превоз во одреден дел од денот, за нови месни пензионерски клубови.
Бројот 19 е за повисоки плати на конфекционерите, за субвенции на тутунарите, за сувенции и подобри услови за сточарите, млекарите, на земјоделците.
Со бројот 19 до подобри услови за живот во населбата „Тризла2“, струја, вода, поголема хигиена, превоз за децата до училиштето, за сигурен дом.
Заокружете го бројот 19, за подобри услови, вода, поила за добитокот, пат до нивите, улично осветлување, канализација во сите населени места.
Заокружете го бројот 19, за среќна иднина, за насмеани лица.
Ајде во недела на 15 октомври, да ги заокружиме промените и на локално ниво.
Да го заокружиме бројот 19, за да одлучуваме заедно за иднината на Прилеп, на Граѓански парламент, во отчетна и услужна Општина да ги дефинираме приоритетите, веднаш по избори.
Заокружете го бројот 19 за живот во Прилеп, за сите!