Хуманитарен базар – ДОБРИНАТА НА ДЕЛО

humanitaren bazar sdsm zeni dobrinata 74Елена Ташкоска – Координатор на ЛК на жени на СДСМ Прилеп

 

Почитувани,

Локалниот клуб на жени при ОО на СДСМ — Прилеп, под мотото како што можеме да видеме тука и на паното „Добрината на дело” го организира овој хуманитарен базар кој се состои во донирање, собирање и давање на помош на сите оние кои им е потреба.
Од каде се роди идејата за ваква активност? Социјалдемократскиот сојуз организираше една голема кампања „Од врата до врата” оствари многу средби со нашите сограѓани, и за жал од тие средби констатиравме една реалност каде што многу наши сограѓани не биле во можност и немаат можност се во тешка материјална ситуација, неможат да си оделат ни за една тегла зимница.
Потикнати од таквите реалности со која се соочивме, но и од солидарноста како основен принцип на социјалдемократијата решивме на еден ваков начин да пружиме рака на сите оние кои тоа им е потребно. Свесни сме дека еден ваков настан, еден ваков момент денес нема да им ги решиме сите проблеми на нашите сограѓани, но ова нека биде почеток и можност да покажеме дека можеме, но во иднина мораме да водиме грижа за нашите сограѓани, за оние кои навистина помош им е потреба.
Јас ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите волонтери, кои од се срце на добра волја се придужија на ова активност. Да им се заблагодарам и на нашите политички опоненти, организирано што ја препознаа нашата позитивна активност и во голема бројка се појавија тука, но за жал морам да кажам не собраа сила и храброст да донираат ниту еден единствен денар, бидејќи ова е хуманитарна активност и средствата ќе бидат донирани на оние кои што им се најпотребни.
Ние денеска подржавме уште една активност, која е организирана од „Црвениот Крст”, а преку овој симбол-црвената панделка на симболичен начин се приклучуваме кон обележување на светскиот ден на борба против сидата.

Ви благодарам.