Драге Звездакоски незнае колку месеци има годината

saso veleski pres drage zvezdakoskiСашо Велески – Координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Прилеп

 

Почитувани,

Пред само 10_тина дена од претставници на Општинската администрација ние, советниците од советничката група на СДСМ бевме етикетирани како неписмени или полуписмени, само за тоа што обелоденивме рекордни недомаќински трошења на парите од граѓаните.
За тоа кој е неписмен или полуписмен ќе оставиме да одлучат граѓаните, после денешнава информација која сакаме да ја споделиме со нив.
Имено навчерашната 52 седница на Совет беше поставена точка за измена на распоредот на средствата од буџетот за 2012 година,каде од ставката зимско одржување на улиците во Прилеп се одземаат цели 1.850.000,00 мил.денари и се пренаменуваат 1.150.00,00 мил.денари за плата за градската администрација.
А зимата сега почнува, а годината завршува за 20 дена.
Не добивме одговор на две поставени прашања, и тоа:
-Дали Општината е на колена и нема повеќе пари , па не може да исплаќа редовно плати за вработените?
-Дали во Општината знаат дека годината има 12 месеци и дека треба да се исплатат 12 плати?
Г-динот Драге Звездакоски наивно манипулираше со бројки за мали деца, но на крај сепак призна дека тоа е исклучиво негов пропуст и промашување во калкулациите. Ако ова е точно, што станува со сите други документи кои ги добиваме на Совет? Кој го контролира г-динот во трошењето на парите од граѓаните? Кој ќе одговара за тоа што во Општината нема внатрешна ревизија? Кој го крши свесно Законот?
Г-дине Ристески, вие сте предлагач на сите финансиски планови, буџети и ребаланси. По обичај не се појавивте на вчерашната седница на Совет, иако бевте поканети и повикани од советниците на СДСМ, да ви ги поставиме вам овие прашања. Г-динот Драге го направи „пропустот” или манипулацијата со ваше знаење или не? За ваков скандалозен пропуст, најмалку што може да сторите за граѓаните на Прилеп е да го разрешите.
Г-дине Ристески, дали сте свесни дека со овој пропуст или незнаење, и оваа година улиците и тротоарите ќе останат замрзнати и со купишта снег.
Кој е сега полуписмен, нека одлучат граѓаните.

Благодарам.