Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

Проектот Вистината за Македонија покажа дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ бранејќи го криминалецот Никола Груевски, ги бранат сопствените криминали и сопствената кожа!

Денес, до Основното јавно обвинителство Прилеп, јавно поднесуваме кривична пријава против поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Дамески.


Причината е основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, и кривично дело затајување, додека бил Претседател на Кинолошки сојуз на Македонија.

Панче Дамески, како Претседател на КСРМ во 2011 година, во име на сојузот примил донација во износ од 35.680,00 евра од Кинолошката федерација на Република Бугарија.

Еве го документот од кој јасно се гледа неговиот потпис дека ги примил парите, заверен на нотар, и каде се гледа која е целта на дадената донација.

Се сомневаме дека овие 35.680,00 евра, никогаш не стигнале на сметка на Кинолошки сојуз на Република Македонија!

Дали овие пари се исплатени и подигнати во готово, како завршиле во РМ и каде?

Основното јавно обвинителство има обврска да го истражи случајот, да прибере докази и врз база на истите да покрене евентуална кривична одговорност!

Ова ли е причината, зошто Панче Дамески како актуелен член на ЦО на ВМРО-ДПМНЕ и задолжен за населените места во ИЕ 4, така ревносно и жестоко го брани режимот на Никола Груевски?

Дали затоа и се обиде физички да се пресмета со мирните протестанти од шарената револуција во центарот на Прилеп?

Почитувани граѓани, целиот демократски народ се крена против криминалната власт и соработува со нас!

Правда во Македонија мора да има, и ќе има!

Секој што го прекршил законот ќе одговара!