ДПМНЕ во очајни обиди да режира инциденти

sdsmprilep1Реакција на соопштение од ДПМНЕ од 01.02.2013


Почитувани граѓани,
Немоќта и очајот на ДПМНЕ се очигледни! Паниката ги тера да создаваат инциденти. Избезумени од сликата на илјадници луѓе на прилепските улици, слика која секоја вечер се повторува, во нервоза челниците на режимот, се обидуваат да прават инциденти.
Лицата кои ДПМНЕ, очајно се обидува да ги прикаже како жртви, се Зоран Митрески – претседател на младински штаб на ДПМНЕ од населба РИД во Прилеп, и Гоце Митревски- негов татко и член на ДПМНЕ. Двајцата посочени, вчера се обидоја со возило да влеетаат во луѓето кои мирно протестираа на маршот во Прилеп.
Полицијата беше сведок на ваквиот обид од страна на партиските војници на ДПМНЕ, да направат инцидент. За среќа, овој пат, полицијата навреме ги превенираше и ги спречи во нивните намери да направат инцидент и конфликт помеѓу граѓаните.
Со гадење ги отфрламе ваквите очајни обиди на режимот, преку режирање на инциденти, да сее страв, паника и омраза меѓу народот.

Со почит,
СДСМ
02.02.2013