Реакција на прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Почитувани,

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп, повторно ги потценуваат граѓаните и демонстрираат лицемерие и кукавичлук својствени само за нивната криминална партија.

Очигледно, советниците од ДПМНЕ се заинтересирани само за советничкиот хонорар што го добиваат од општинската каса, а немаат никаква намера да се грижат за интересите и потребите на граѓаните во Општина Прилеп.

Веќе неколку седници по ред ги напуштаат седниците на Совет и не учествуваат во работата на овој највисок орган, за што бирани и платени со парите од граѓаните.

12 годишното владеење без да сработат ништо, а да земаат плата, е пракса од која тешко се одвикнува ВМРО-ДПМНЕ дури и кога е опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ ја покажа својата деструктивност не само денес кога ја напуштија седницата на која се гласаше за бесплатниот превоз за пензионерите, туку и на претходната седница на Совет кога побегнаа и не гласаа за потребите на децата со церебрална парализа во Прилеп.

Тоа се политиките на ВМРО-ДПМНЕ, преполни со лицемерие, лажна друшегрижност и лични интереси!

Граѓаните на Општина Прилеп на последните избори јасно и гласно расчистија со ерата на ВМРО-ДПМНЕ, којашто повеќе од 10 години претставува симбол за криминал, корупција и погрешни политики.

Кривичните пријави што веќе се поднесени против Марјан Ристески, Ирена Стерјовска-Локвенец, Дарко Рибароски, се само мал дел од она што допрва ќе значи расчистување со децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и санирање на штетите од тоа.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп