Број 42 за нова страница во историјата на Прилеп!

Hari pres povikДраги граѓани на Oпштина Прилеп,
Во средата, на 20-ти март, го имавме најмасовниот митинг што некогаш се случил во градот Херој. Грандиозната атмосфера, силната енергија и еуфорија беа уште една потврда дека Прилеп избра. На 24-ти март, Прилеп ќе заокружи 42. ПОБЕДУВАМЕ!!!

На сите им е доста од нафатираните шерифи од ДПМНЕ. 18 години се на власт во Прилеп. Само со Марјан Ристески имаме 8 пропаднати години и 8 изгубени генерации. Каде потроши над 120 милиони евра општински пари? Во Прилеп владее економски пустош, сиромаштија, над 40 посто невработени.
ДОСТА Е! Прилеп ќе сврти нова страница во својата историја. Прилеп и прилепчани заслужуваат развој и нова надеж. Градот Херој мора храбро да тргне кон својата иднина. 
Моја цел е да донесам 50 милиони евра домашни и странски инвестиции во Прилеп и да создадам услови за 5,000 нови работни места. Заедно со советниците, и целиот мој тим посветено ќе работиме за иднината на Прилеп. Општинските пари ќе се трошат за вистинските приоритети. Отворањето на нови работни места и намалување на сиромаштијата се нашите највисоки приоритети. 
Драги прилепчани,
Тие се во паника. Се закануваат и поткупуваат. Ама народот не ја продава својата чест и иднина. Сакаат да останат на власт за да продолжат да живеат на грбот на народот. На последните избори, партиите кои во моментот ја сочинуваат коалицијата „Сојуз за иднината “, имаа заедно над 25 илјади гласови, наспроти 22 илјади на ДПМНЕ. Затоа се нервозни! Затоа притискаат и уценуваат. 
Но нека не ве плашат. Ништо не ни можат. Ич гајле да немате. Во оваа борба сме заедно. Прилеп јасно им порача: на 24 ти ги чека голема народна казна.
На 24 март гласањето е тајно. Секој одлучува слободно. Никој не смее со сила да ви наредува и да ве уценува. Зад параванот стоиме сами, исправени пред Бога и пред својата совест. Во недела излезете масовно и гласајте слободно.
Ве повикувам сите: Да заокружиме 42. Ајде заедно да се спасиме од ова зло. За подобар и побогат Прилеп. За слободна и демократска Македонија.

Ви благодарам