ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири паника и да ги плаши граѓаните на Прилеп и Република Македонија, а сето тоа со цел да избегнат од одговорност за криминалите што ги правеа изминативе 12 години.

Ги повикуваме да соберат храброст и барем еднаш да покажат државотворен карактер и да го поддржат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, којшто е целосно во согласност со националните интереси на Република Македонија.

Прилепчани не треба да стравуваат и да потпаѓаат на манипулациите од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во Прилеп нема да има ниту бегалски кампови, ниту згради за бегалци!

Сето тоа се најобични лаги и предизборна пропаганда на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, што оди на штета на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ нема да го сопре процесот на приклучување на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, ниту процесот на ослободување и на локалните институции од 12 годишниот режим.

Македонија оди напред!