Реакција на контрапрес од ВМРО-ДПМНЕ –Прилеп,
Почитувани,
Наместо итна заложба за обезбедување средства за повторно стартување на откупот во Тутунскиот Kомбинат, сведоци сме на уште една промашена пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која продолжуваат да шират невистини и клевети.
Портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, треба да објасни за затворањето на кои фирми е лично одговорен претседателот на СДСМ Прилеп- Сашо Велески, или во спротивност, во рок од 48 часа согласно законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, бараме да се извини за изнесените невистини и да ја повлече денешната изјава.
Тутунопроизводителите од Прилеп, од завчера, одкако се затворија вратите на откупот во прилепскиот Тутунски Комбинат, се целосно свесни за лажната душегрижност на Груевски и ДПМНЕ за тутунарите. Знаат дека се изманипулирани и излажани, и за цената и за класата и за динамиката на откуп на тутун, кој сега незнаат каде да го носат. Груевски нека доде сега и лично на тутунарите нека им објасни зошто се затворени вратите на комбинатот!
Идната власт на СДСМ, ќе достои на дадениот збор и целосно ќе се избори за навремен откуп на тутунот, по вистинските класи и по просечна цена која тутунарите ја заслужуваат, а тоа е повисока од моменталната и за повисоки субвенции од сегашните. Но, исто така ќе расчисти со дилемите, дали и колкав криминал е направен во последните 7 години во Тутунскиот Комбинат, и на кој начин беа направени над 70 милиони евра загуби?
Со почит,
ОО СДСМ Прилеп