Гоце Мојаноски – Претседател на Комисија за земјоделие ОО СДСМ Прилеп
Почитувани,
Помпезно најавуваниот старт на предвремениот откуп на тутунот, не се случи, затоа што власта во заминување ги излажа земјоделците и се уште нема пари за откуп.
Вчера, вратите на Тутунскиот комбинат Прилеп останаа затворени, а тутунот им беше вратен на индивидуалните тутунопроизводители.
Да потсетиме. Само пред неколку дена, во Собранието на Р. Македонија, Ставревски ја убедуваше целата македонска јавност дека Тутунскиот Комбинат Прилеп е во одлична финансиска состојба. Дека во 2016 година очекува прилив на огромни суми во буџетот на РМ, на име на акцизи.
Но, наспроти неговите тврдење, пратеничката Ана Лашкоска, неговата сопартичка, изјави дека Тутунскиот комбинат сеуште нема обезбедено средства за откуп. Според Лашкоска, за откуп на годинешната реколта тутун менаџментот очекувал кредит од домашните банки.
Ставрески да одговори зошто ги лаже тутунарите?
Како Тутунски комбинат ќе плаќа акцизи, ако нема пари за откуп на тутунот?
Власта целосно го уништи прилепскиот Тутунски комбинат и ги обезвреднија акциите на акционерите.
Власта се фали со потпишан договор со Филип Морис, а оваа година, Тутунскиот комбинат има рекордно ниско ниво во производство на цигари.
Каде е ефектот од тој договор?
И покрај субвенцијата од 60 ден по килограм, количините на произведен тутун во последниве неколку години, рапидно се намалуваат, како резултат на огромните трошоци за производство на тутун, наметнати од премиерот во заминување, Груевски.
Почитувани тутунопроизводители, после изборите на 24 Април 2016 година, власта на СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за тутун, до 75 денари по килограм и комплетно ќе ги подобри состојбите со откупот на тутун.