Заштитата на животната средина е наш императив и тоа го потврдуваме со серијата на мерки, кои ќе ги спроведеме во следните 4 години.
Свесни сме дека голем број на објекти во нашата општина, се’ уште имаат низок степен на енергетска ефикасност. Тоа важи за многу индустриски, државни и општински објекти, но најголем дел се објекти за колективно и индивидуално домување.
Знаеме дека постојните, дотраени фасади, се причина за зголемена потрошувачка на енергенсите за греење, што пак директно придонесува за зголемување на загадувањето на животната средина.
Имајќи го предвид сето тоа, предвидуваме замена на старите фасади на станбените згради од сите делови на градот, со нови енергетско-ефикасни.
За исполнување на таа цел, во рамки на секоја буџетска година, со одлука на Советот на општина Прилеп, ќе се издвојуваат неопходните средства за тековно уредување на надворешниот дел од колективните станбени единици.
На тој начин, придонесуваме за почист воздух и здрава животна средина за сите, како и за значителна заштеда на средства во домашниот буџет на граѓаните кои живеат во колективните згради.
Почитувани,
Продолжуваме силно напред кон реализација на најдобрите проекти за граѓаните.
Гласот за бројот 12, е влог во здрава животна средина и повисок животен стандард. Тоа е глас за најдоброто за нашиот Прилеп.