Изјава, Александар Кирацовски – Генерален секретар на СДСМ

Почитувани медиуми,

Денес сме во посета на старата чаршија во Прилеп. Се сретнавме со граѓаните, се сретнавме со дуќанџиите, се сретнавме со еснафот.

На мое и на наше големо задоволство, гледам една нова комплетно променета слика, еден нов ентузијазам. Ја нема повеќе во очите на дуќанџиите загрженоста која што егзистираше пред повеќе години и го нема стравот од неизвесностна на нивниот бизнис.

Почитувани граѓани,

Нема повеќе од оние одмазнички упади во фирмите, нема веќе затворање на дуќаните и упропастување на фирмите, нема веќе драконски казни и нема рекет, што беше одлика на криминалното владеење на ДПМНЕ.

Прилеп и Рeпублика Македонија ставија крај на оние што водеа во безизлез и направија никогаш повеќе да не се повтори тоа. Граѓаните и дуканџиите се изборија за својата слобода и никогаш повеќе нема да дозволат некој да им ја одземе.

Безидејното раководство на ДПМНЕ, водено од Мицковски, којшто, впрочем,  денес, оганизира протестен митинг тука во Прилеп за одбрана на криминалот, немаат ама апсолутно ников план. Мицковски нема став, нема визија, нема идеја за Република Македонија. Тој е дел од едно антизападно раководство коешто е недостоинствено да ја води Република Македонија. Очигледна е разликата помеѓу проактивната и домаќинска политика на СДСМ и деструктивноста на ДПМНЕ.

Темно минато се политиките на закани и уцени, рекет и законски казни. Наспроти тоа, ние создаваме можности фирмите да се унапредуваат, а казните да одат надолу дури до 75%. Домашните и срранските компаниии сега се изедначени и сите добиваат еднаква поддршка, стимулации за да креират нови инвестиции, подобри работни места и подобро платени работни места. Државата сега стимуилира, брз трансфер на малите и средните фирми, преку директна финансиска поддршка на 30% од директните трошоци за инвестицијата, како и 10% директна подршка за сите оние коишто ќе испалаќаат плати за 50% поголеми од онаа минималната. Токму затоа драги пријатели, платите во Република Македонија растат.

 

Почитувани, од една страна имаме сигурен воз, поставен на шини, којшто ита кон Европа и НАТО и обезбедува повеќе инвестии и средства за граѓаните.  А, од друга страна имаме едно изгубено, анти-западно раководство, кое нема ниту став, ниту план, ниту визија за Република Македонија. И додека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски одбраа да застанат повторно на темното минато, на изолацијата, Република Македонија заедно со сите нас, реши да се движи напред кон сигурна иднина, кон полноправно членство во НАТО и Европската Унија, со комплетно загарантиран идендитет и посебност.

Ви благодарам, доколку имате прашања повелете:

Медиуми: Дали може да дадете коментар во врска со привелигиите кои што ги бараат дел од пратениците?

Кирацовски: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека привелигиите треба да се движат кон граѓаните, а помалку кон пратениците. Пратениците во Собраниете на Р. Македонија, согласно деловникот којшто важи во овој момент, се доволно и од повеќе од привелигирани. Сега дојде време граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, вработувања, нови инвестиции, нови работни места и подобро платени работни места. Несмееме да размислуваме во тој правец, оној кој што бил избран и именуван фунционер, избран од граѓаните, утре или друг ден да биде  попривелигиран од граѓаните и да оди на работно место, кое, впрочем, го заслужува некој од граѓаните.