Прес конференција
Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ – Прилеп
Почитувани,
Кризата со коронавирусот, ни даде можност да видиме од колкаво значење е изградбата на инфраструктурата за справување со економските последици од коронвирусот.
Затоа, и во вакви вонредни околности, со забрзана динамика ги реализираме капиталните инфраструктурни проекти во општина Прилеп.
Со реконструкцијата на градскиот булевар „Гоце Делчев“ од потегот кај споменикот „Карпалак“ до раскрсницата кај маркет „Тинекс“, како и на делот од улицата „Прилепски бранители“, чија изградба е во полн ек, го исполнуваме дадениот збор и комплетно го менуваме ликот на централното градско подрачје.
Старите и руинирани асфалтни тротоари, сега добиваат импозантен лик и се обновуваат со нови гранитни плочки, на кои наскоро ќе биде поставена и нова урбана опрема.
За безбедно движење на слепите лица, изградени се тактилни траки на пешачките зони, а на двете страни од булеварот ќе има велосипедски патеки.
Новиот градски булевар, ќе има четири коловозни ленти, односно две во едниот правец и две во другиот, кои меѓусебно ќе бидат одделени со зелен појас, во кој ќе биде поставено ново осветлување.
За прв пат во градот ќе биде поставена хоризонтална светлечка сообраќајна сигнализација, на долниот дел од пешачките зебри на булеварот.
Благодарение на одговорниот пристап на градоначалникот Илија Јованоски и локалната власт предводена од СДСМ, со оваа капитална инвестиција во вредност од 60.000.000 денари, како и со целокупната градежна офанзива која се случува во општината, ја движиме економијата во услови на криза и го подобруваме животот на граѓаните.
Почитувани,
Наследивме руинирана држава, во која криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше народните пари на барокни фасади, додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.
Ние имаме спротивен пристап, Европски пристап. Инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктурата.
Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп