Почитувани граѓани,
Со Никола Груевски и Марјан Ристески е возможна само ера на криминал, корупција, насилство и изолација.
Завршува концпетот на „Миле ми текна“, „џабалак плацеви“, „че има пиштење и вриштење“ „хилти“ и „упади во Прилеп“.
Затоа не се пожелни во градот херој!
Никој повеќе не верува на лажните ветувања на Ристески и неговиот ментор Груевски, зад кои се кријат само лични интереси и злоупотреби на парите од граѓаните.
Коруптивното и криминално трошење на пари од касата на општина Прилеп, е констатирано во Ревизорскиот извештај за 2015 година, за што се поднесени кривични пријави и веќе се интересираат полицијата и Основното јавно обвинителство.
Прилепчани се уште очекуваат одговор од Марјан Ристески, за наводите од Државниот ревизор дека недостасува сметководствена евиденција за побарувања од 90 милиони денари, или за скоро 1.5 милион евра пари од касата на општина Прилеп.
Целата јавност дозна дека од општинската благајна се подигале пари за патни и дневни трошоци, без евиденција кој износ за што се подига, за какви потреби и за кое лице.
Се набавувала нафта за греење без евиденција за прием на горивото.
Скулптурата на „Крали Марко“ чија проценета вредност е околу 4 милиони денари, градоначалникот ја платил дупло, односно околу 8 милиони денари.
Се исплаќал превоз на ученици до училиштата без спроведена постапка за јавни набавки, и ред други сомненија за злоупотреби со општинските пари, што се констатирани во извештајот од Државен завод за ревизија за 2015 година.
Ета вака се трошеле парите на граѓаните.
Почитувани сограѓани,
На 15 октомври завршуваат злоупотребите со парите на граѓаните.
Завршува времето на крадоначалниците на Никола Груевски!
Ние нудиме концепт за враќање на животот во нашата општина.
Нов градоначалник, нова одговорна и домаќинска власт, за живот во Прилеп за сите.