Почитувани,

12 години криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше парите на
граѓаните, а митото, корупцијата и нелегалните тендери, станаа нејзин
заштитен знак.

Екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и неговиот ментор
Груевски потрошија стотици милиони евра, а не изградија ниту еден капитален
спортски објект во Прилеп, иако пред секои избори ги лажеа прилепачани дека
само што не изградиле покриен базен и само што не го реконструирале
градскиот стадион.

За разлика од криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ и
градоначалникот Илија Јованоски, зборот е збор!

Во моментот се реконструира градскиот стадион „Гоце Делчев“, а Општина
Прилеп подготвува Основен проект и го променува Деталниот урбанистички
план во населбата „Точила“ за легална и законска изградба на комплексот со
покриени базени.

Прилепчани добиваат европски стадион и базени за спорт, рекреација и
терапевтски цели, токму како што вети градоначалникот во својата
предизборна програма.

Истите тие злоупотребени млади членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска се
потсмеваат со изградбата на комплекс со покриени базени во Прилеп, а кои 12
години молчеа и ги одобруваа лагите и злоупотребите на Ристески и Груевски,
ќе имаат прилика да спортуваат во овој капитален проект.

Општина Прилеп и Македонија забрзано чекорат напред, а ВМРО-ДПМНЕ и
Мицкоски остануваат заглавени во криминалната и назадна матрица.