Радмила Шеќеринска – Пратеник во Собрание на Р.М.
Радмила Шеќеринска: Навистина ми е чест и задоволство вечерва за првпат да не присуствувам на скопските протести, туку да дојдам во Прилеп и да им оддадам признание на нашите прилепски сограѓани за силата, енергијата, ентузијазмот и отпорот кој што го покажаа.
Прилеп останува верен на својата традиција да е прв и да е херој и да покаже дека слободата нема алтернатива. Во оваа држава многу работи зависат од власта, ама моќта е кај граѓаните. Прилепчани покажаа дека тоа го знаат да го покажуваат.
Новинар : Рековте дека за 2 месеци се ќе се реши а синоќа излеговте со став дека ако не се исполнат условите дека вие нема да учествувате,што значи тоа се.
Радмила Шеќеринска : Значи ние го покажавме нашиот став дека ние сметаме дека во Македонија за 2 месеци се треба да се одлучи и кој ќе ја има локалната власт но и тоа кој ќе ја вади Македонија во кашата во која ја остави Груевски.После илјадниците лаги дека СДСМ бега од избори, ние денеска кажавме јасно и гласно, не еден, два избори треба да се случат во Март и граѓаните во еден момент треба да одлучат кај ќе тргне нивната општина и нивниот град. Доколку Груевски не прифати Р.Македонија да има фер и демократски избори и локални и парламентарни, тогаш Македонија ќе влезе во уште посериозна политичка криза, затоа целата одговорност ќе отиде на контото на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа по 2 месеци одлуките ќе бидат историски и секој ќе знае на која страна од историјата бил. Дали бил на вистинската или губитничката.
Новинар : Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко кажа дека избирачкиот список е прочистен. Но вие тврдите дека не е прочистен, како на пример да поверуваме во сето тоа?
Радмила Шеќеринска : Јас апсолутно несакам да спорам со изјавите, меѓутоа тие изјави не беа баш така како што вие ги цитирате туку дека доколку се прифати моделот на користење на биометриските податоци дека во тој случај проблем нема да има проблем со избирачкиот список, а ако тоа се случи ние тоа ќе го сметаме за завршена работа. Избирачки список прочистен би требало да биде цел на секој што влегува во изборниот натпревар, само тие што сакаат да мамат и да крадат можат да кажат дека нерегуларен избирачки список е добро за Македонија,така што мислам дека во интерес на сите е избирачкиот список да биде прочистен,ние нема да одиме контра изјавите на ДИК тогаш кога тоа ќе се случи.