Александар Китаноски – Советник
Почитувани,
Зајакнувањето на капацитетите на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, е еден од главните приоритети на градоначалникот Јованоски и СДСМ.
Од вчера, прилепската противпожарна станица е засилена со ново, современо противпожарно возило за брзи интервенции, со кое се подобрува ефикасноста на пожарникарите во справувањето со пожарите во урбаните средини.
Новото противпожарно возило е набавено во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Од петте милиони денари, колку што чини новото возило, 3.150.000 денари се средства од буџетот на Општина Прилеп.
Благодарение на заложбите на градоначалникот Јованоски за подобрување на условите за работа на пожарникарите, покрај новото противпожарно возило, набавени се и десет нови комплети одела за за пожарникарите.
Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Јованоски, не застанува тука. Во соработка со локалната бизнис заедница, работи на обезбедување нови возила и опрема за прилепската противпожарна станица.
Почитувани,
Пожарникарите извршуваат една од најтешките и најризични професии.
Затоа ја цениме и вреднуваме нивната работа и обезбедуваме достоинствени услови за извршување на професијата пожарникар.
За нас, зборот е збор.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп