Почитувани граѓани,
Со цел поголем ангажман и вклученост на членството и граѓаните во работата на Општинската oрганизација на СДСМ Прилеп, направен е РАСПОРЕД НА ДЕЖУРСТВА НА ПАРТИСКИТЕ КОМИСИИ. Сите заинтересирани членови и граѓани, секој работен ден во периодот од 19:00 – 20:30 часот, во просторијата од Форум на жени при ОО СДСМ Прилеп, можат да дојдат и да извршат разговор, да се запознаат со работата на одредена комисија, да се приклучат во работата на истата, да изнесат специфичен проблем, предлог, или идеја. Распоредот на дежурните комисиите по денови, е следен:
ПОНЕДЕЛНИК: ПРЕТСТАВНИЦИ НА СИТЕ КОМИСИИ
ВТОРНИК: КОМИСИИ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И КУЛТУРА
СРЕДА: КОМИСИИ ЗА УРБАНИЗАМ, ЕКОНОМИЈА И ЗЕМЈОДЕЛИЕ
ЧЕТВРТОК: КОМИСИИ ЗА ЗДРАВСТВО И ТРУД И СОЦИЈАЛА
ПЕТОК: КОМИСИИ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И ОБРАЗОВАНИЕ
Со почит!
ОО СДСМ Прилеп